
Модриќ си оди, „десетката“ на Реал ќе има нов сопственик
По долго време, ќе се ослободи и „десетката“ на Реал, но Марка објави кој ќе ја наследи. Од идната сезона таа ќе блесне на грбот на Килијан Мбапе кој се надева дека со тоа ќе го потврди својот имиџ како ѕвезда на екипата.
Ситуацијата со Мбапе многу потсетува на таа со Кристијано Роналдо во 2009 година. Кога Португалецот дојде во Реал, „седумката“ беше во сопственост на тогашниот капитен Раул (и Модриќ сега е капитен) кој следното лето замина во Шалке и му оттстапи омилениот број на Роналдо. Мбапе играше со „десетката“ и во ПСЖ, а и во француската репрезентација, но, како и Роналдо, во првата сезона го носеше бројот 9.
Напаѓачот дојде лани од ПСЖ како слободен играч и на 56 натпревари постигна 43 гола во сите натпреварувања.