Модриќ откри која легенда му ги отворила очите дека може да биде „златна топка“

Најдобриот светски фудбалер Лука Модриќ ја прекина децениската доминација на Лионел Меси и Кристијано Роналдо во изборот на најпрестижната награда „златната топка“, па Хрватот стана само вториот балкански фудбалер со ова признание по Христо Стоичков во 1994, а прв фудбалер од поранешните југословенски простори.

Во интервјуто за „Франс Фудбал“, Модриќ откри дека човекот кој му влеал таква самодоверба и му ги отворил очите дека може да биде најдобар на светот била француската легенда Зинедин Зидан, досекорешниот тренер на Реал Мадрид. Зидан дојде во Реал во јануари 2016 година и за две ипол години освои три европски титули, пишвајќи историја со „кралскиот клуб“, по што шокантно десет дена по киевската радост годинава си замина.

„Во јануари 2016, Зидан беше именуван за нов тренер и веднаш после првиот тренинг ме повика во својата канцеларија. Ми ојбјасни за каков играч ме смета и што очекува од мене. Ми предочи дека сум клучен во неговите планови и пред сè дека јас сум играч кој во иднина ќе ја освои 'златната топка'. Не можев да поверувам што зборува, од страв не се ни обидував да поверувам дека навистина сум јас тој иден освојувач на оваа награда. Кога вакво нешто ќе би каже Зидан, таква фудбалска величина, тогаш самодовербата ви оди до неверојатни височини. Јас станав клучен фудбалер на Реал во клучен момент, а тие зборови на Зидан ми помогнаа до крај да ја развијам мојата игра“, вели Модриќ.