Мирко Ивановски влезе во гол-серија: Втор гол за седум дена, сега за победа!

Поранешниот македонски репрезентативец Мирко Ивановски влезе во гол-серија откако за една недела вторпат погодува за својот Диосѓер, сега за победа против Пакс со 2-0 за девети сезонски триумф на својот тим.

Пред една недела Диосѓер загуби од Дебрецен дома со 1-2, а Ивановски беше стрелец на единствениот гол, а сега повторно погоди во 29-та минута за да ја најави победата, која во 78-та минута ја завери Косовецот Флорент Хасани. За Ивановски ова е четврти меч пролетва на кој игра како стартер, а резерва остана само кај Пушкаш Академија (2-2) пред десет дена.

Диосѓер со овој триумф сега има 29 бода и е шестопласиран и засега е во сигурната зона во унгарското првенство.