
Миовски во тим на колото во Шкотска – втор најдобро оценет во Премиершип (ФОТО)
Миовски во пет минути даде два гола за да ја обезбеди првата победа после пет меча за Абердин со 3-1 против Мадервил, а со тоа доби оценка 8,38. Миовски имаше половична ефикасност, со два гола од четирите директни шутеви на мечот, а ова беше негов втор меч по ред како погодува откако против Сент Мирен даде гол од пенал.
Само еден фудбалер изминатиов викенд беше со подобра оценка од Миовски, Стефен Кели од Ливингстон, кој доби 8,43 и беше прогласен за фудбалер на колото.