Миовски пак погоди и се искачи на третото место на листата на стрелците (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски го постигна 16. гол во сезоната откако денеска ја затресе мрежата на Хибернијан на гостувањето на неговиот тим.

Нашиот голгетер погоди во 52. минута за водство на Абердин со 3-0, а тоа беше негов 16 гол во сезоната во шкотската Премиер лигата. Со него изби сам на третото место на листата на стрелците, надминувајќи го Орајли од Селтик со кого досега ја делеше оваа позиција.

Во последните две кола Миовски ќе се обиде да го стигне и легендарниот фудбалер на Ренџерс, Таверние кој има само еден гол повеќе.