Миовски: Ова беше неверојатна сезона за сите нас

Македонскиот напаѓач, Бојан Миовски им се заблагодари на навивачите на Абердин за поддршката која му ја даваа на него и на соиграчите во текот на сезоната.

Миовски имаше импресивна прва сезона во дресот на Абердин која ја заврши со 18 голови. 

Абердин сезоната ја заврши на третото место зад славните Селтик и Ренџерс, тимот на Миовски обезбеди место во квалификациите од Конференциската лига.

„Ова беше неверојатна сезона за сите нас. Благодарност за поддршката во текот на целата година“, напиша Миовски на социјалните мрежи.

Тој во претпоследното коло заработи тешка повреда поради која веројатно ќе ги пропушти мечевите на Македонија против Украина и Англија, но се очекува да биде подготвен за почетокот на следната сезона.

Во текот на утрешниот ден се очекува конечно да има детали за неговата повреда.