Милан со фантастичен пресврт до полуфинале во Купот на Италија (ВИДЕО)

Екипата на Милан се пласираше во полуфиналето на Купот на Италија, откако на домашен терен славеше по продолжение против Торино со 4-2.

Торино го делеа секундо до пласман во полуфиналето, но со голот на Хакан Чалханоглу во 91. минута, Милан израмни на 2-2, па мечот замина во продолжение. По првите 15 минути од првото продолжение резултатот остана непроменет, но на стартот од второто „росонерите“ со два гола успеаја да дојдат до голема победа и пламан меѓу четирите најдобри. Стрелци на одлучувачките погодоци беа Чалханохлу и Златан Ибрахимовиќ.