
Милан со буџет од 40 милиони евра за нов напаѓач
Прва цел на Милан е играчот на Болоња, Џошуа Зиркзе, а ова најверојатно значи дека Лука Јовиќ ќе биде вратен назад во Реал. Иднината на Оливие Жиру на Сан Сиро е неизвесна имајќи предвид дека неговиот договор истекува за четири месеци.
Прашање е дали Болоња ќе прифати 40 милиони евра за својот фудбалер ако се знае дека клубот очекува најмалку 75 милиони затоа што Холанѓанецот е шести стрелец во Серија А сезонава со девет постигнати гола.