Милан сака да го задржи Јовиќ, му подготвува нов договор!

Српскиот напаѓач, Лука Јовиќ би можел да продолжи да го носи дресот на Милан и идната сезона, росонерите се задоволни од неговите изданија.

Во првиот дел од сезоната Јовиќ беше тивок, но во вториот дел почна да постигнува голови. Досега има осум гола и една асистенција.

Оливие Жиру заминува по крајот на сезоната, па раководството на Милан сака да го задржи Јовиќ.

Актуелниот договор на Јовиќ со Милан завршува по крајот на оваа сезона, раководството на клубот планира да му понуди нов, исто така на една година.