Милан на Монтела е ужасен: Рома славеше на „Сан Сиро“ (ВИДЕО)

Милан веќе го доживеа третиот сезонски пораз во седум натпревари во Серија А, по што веднаш спласнуваат амбициите за висок пласман во новата сезона.

Инвестициите од преку 200 милиони евра очигледно не се исплаќаат, бидејќи формацијата на Винченцо Монтела 3-5-2 не носи буквално ништо за тимот, ниту пак за играта.

Рома ја искористи својата воиграност и квалитет да го реши Милан за кратко во второто полувреме со два гола. Прва погоди Един Џеко од далечина, а точка на победата стави Алесандро Флоренци. Домашниот тим дури остана и со играч помалку откако Хакан Чалханоглу заработи два жолти картони.

Клупата на Винченцо Монтела е сериозно потресена и многу лесно може да се случи промена на тренерската позиција во Милан во текот на следните неколку денови.