
Милан и без Модриќ убедлив против Ливерпул пред 50.000 гледачи во Хонк Конг (ВИДЕО)
Два гола за „росонерите“ постигна Ноа Окафор, а по еден додадоа Рубен Лофтус-Чик и Рафаел Леао, додека за англискиот тим погодија Доминик Собошлаи и Коди Гакпо. Лука Модриќ, кој летово се приклучи на Милан, не настапи на овој натпревар и нема да игра додека трае азиската турнеја на клубот. Хрватскиот капитен ќе се приклучи на подготовките на почетокот од август, откако доби продолжен одмор поради напорната сезона со Реал Мадрид, каде на 39-годишна возраст одигра 63 натпревари.
Минатата сезона беше разочарувачка за Милан – тимот заврши на осмото место во Серија А, дури 19 бода зад шампионот Наполи. Поради слабиот пласман, оваа сезона клубот нема да настапува во европските купови. Новата натпреварувачка сезона Милан ја започнува на 17 август со натпревар од Купот против Бари, а првенството го отвора со домашен меч против Кремонезе.
ФОТО: EPA PHOTO