Михајловиќ во солзи: Се извинувам што плачам, имам ангели чувари

Синиша Михајловиќ денеска одржа прес-конференција четири месеци откако објави дека боледува од леукемија: Тренерот на Болоња сакаше да ја запознае јавноста со својата битка. 

Сите фудбалери ан „болоњезите“ се појавија на прес-конференцијата да му дадат подршка на Србинот.

„Зад мене се четири тешки месеци. Бев во болница каде примав хемотерапија и со мојот силен карактер успев да минам низ тоа. Во такви моменти потребна е менталан сила, која ја добивав од докторите. И благодарам на мојата сопруга со која заедно го минувавме овој тежок период“, изјави Михајловиќ, кој набрзо и почна да плаче.

„Се извинувам што плачам. Пронајдов неколку ангели чувари, кои ми помогнаа психолошки. Тие се најзначајни во оваа битка, без нив мислам дека немаше да успеам. Ќе им бидам вечно благодарен. Жал ми е што не можам сите да ги именувам. Веднаш знаев дека сум во добри раце.

Плачев изминативе четири месеци, но доста е, веќе нема солзи. Им благодарам на сите за подршката, се почувствував како дел од едно големо семејство на навивачи, клубови и фудбалери“, додаде Србинот.