Месут Озил пред трансфер во Серија А: Интер и Милан „загризаа“ за Германецот

Фудбалерот на Арсенал, Месут Озил, се наоѓа пред трансфер во Италија, а најголем интерес за него покажува екипата на Милан.

Играчот  од средниот ред кој има највисока плата во Арсенал речиси и да не доби шанса за настап оваа сезона.

Арсенал на сите начини се обидува да се ослободи од неговата висока плата од 400.000 евра неделно.

Најмногу интерес за Озил неколку клубови од Серија А, меѓу кои и гратските ривали Интер и Милан. Проблем за двата клуба би можел да претставува играчот доколку инсистира на истите примања.

Според шпекулациите во предност за потписот на Езил е Милан каде извршен директор е Иван Газдис кој беше на истата функција во Арсенал, кога поранешниот германски репрезентативец се пресели во Лондон.

Од друга страна Антонио Конте се надева дека може да го врати во вистинска форма, исто како што тоа го прави со Алексис Санчез.