Меси шоу на „Камп Ноу“: Барселона лесно го реши Елче (ВИДЕО)

По киксот со Кадиз и ремито 1-1, Барселона денеска им се врати на победничките патеки откако го совлада Елче со убедливи 3-0 во рамки на заостанатото 1.коло во Ла Лига.

Фаворитот победата ја обезбеди во второто полувреме. Лионел Меси вечерва издоминира на теренот на „Камп Ноу“ со два гола ги водеше Каталонците.  Третиот гол беше дело на Жорди Алба. 

Со вечерашните два гола Меси изби на првото место на листата на стрелци во Ла Лига со 17 голови. 

Барселона се враќа на третата позиција на табелата со 50 бодови, два помалку од Реал Мадрид и пет помалку од лидерот Атлетико Мадрид.