Меси постави личен рекорд по бројот на асистенции во Ла Лига

Најдобриот фудбалер на денешницата и капитен на Барселона, Лионел Меси, синоќа асистираше при два гола за своите соиграчи во триумфот над Вилјареал со 4-1.

Аргентинецот во 34. коло од шампионатот на Шпанија им асистираше на Луис Суарез и Антоан Гризман и стигна до 19 додавања по кои е постигнат гол, а тоа значеше и личен рекорд за Меси.

Во сезоните 2010/11 и 2014/15 година, Лео направи 18 асистенции. Тој ја предводи и листата на стрелците со 22 гола.

Оваа сезона, шесткратниот носител на „Златна топка“ има 27 голови и 24 асистенции на 38 натпревари во сите натпреварувања.