Меси платил 1,5 милиони евра за да го извлече Роналдињо од затвор?

Парагвајските медиуми вчера објавија дека Роналдињо, по еден месец поминат зад решетки, конечно бил пуштен и сега ќе биде во домашен притвор.

Роналдињо беше уапсен пред еден месец откако со лажни документи со неговиот брат влезе во Парагвај. Но, легендарниот бразилски фудаблер конечно беше пуштен од затвор, па во домашен притвор ќе ја чека конечната одлука на Судот.

Шпанците пред неколку часа почнаа да пишуваат дека парите за кауцијата на Роналдињо пристигнале од Барселона. Тие шпекулираат дека Лионел Меси му помогнал на поранешниот соиграч, иако засега за такво нешто нема официјална потврда.