Меси и Роналдо може да му се поклонат: Дани Алвес е најтрофејниот фудбалер на сите времиња!

Откако Пари Сен Жермен се круниса за старо-нов шампион на Франција, бразилскиот репрезентативец Дани Алвеш се запиша во историјата како најтрофејниот фудбалер на сите времиња, освојувајќи го 42-от трофеј во кариерата.

Ако Лионел Меси и Кристијано Роналдо се најдобрите фудбалери на светот, од нив зависат најголемиот трофеите во клубовите во кои играат, сепак и двајцата се далеку за да го стигнат бразилскиот десен бек, кој сега со шампионскиот трофеј со парижаните го надмина досегашниот рекорд на Хосам Хасан, египетската легенда која имаше 41 пехар во кариерта.

Алвеш има три трофеи со Баиа во Бразил, со Севилја освои пет (шпански Куп, шпански Суперкуп, два пехари во Купот на УЕФА и европски Суперкуп), а најмногу има со Барселона – шест титули во Ла Лига, шетири купови, четири шпански суперкупови, три трофеи во ЛШ, три светски клупски пехари и три европски суперкупови. Со Јувентус има „двојна круна“, а со ПСЖ две шампионски круни, по еден куп и лига-куп и еден француски суперкуп. Со Бразил, пак, освои една Копа Америка и двапати Купот на конфедерации.

Зад Алвеш и Хосам со 37 трофеи се Андрес Иниеста, Максвел и Ибрахим Хасан.