Мендеш отпиша еден клуб од битката за потписот на Роналдо

Кристијано Роналдо нема да се врати во Португалија, иако неговата мајка Долорес Авеиро кажа дека сака син ѝ да заигра повторно за Спортинг Лисабон.

Менаџерот на Роналдо, Хорхе Мендеш кажа дека фудбалерот сигурно нема да се врати во Португалија, зашто Спортинг очигледно не може да ги задоволи неговите финансиски потреби.

„Во овој момент Роналдо не планира да се врати во Португалија“, кажа Мендеш.

Малку екипи можат да му понудат висока плата на Роналдо, а заинтересирани за неговите услуги беа Манчестер јунајтед и ПСЖ.