„Медиасет“: Икарди му даде ултиматум на Јувентус, ако не ќе си потпише во Рома!

Мауро Икарди треба следната недела да има нов клуб и тоа Јувентус или Рома, откако Интер повеќе нема да смета на неговите услуги.

Икарди сака да се пресели во Јувентус, кој веќе осум години доминира во Италија, а ќе се обиде повторно да го освои трофејот.

Меѓутоа, постои проблем зашто Интер не сака да продаде квалитетен напаѓач на голем ривал, па поради тоа би можел да го пушти само при понуда од 90 милиони евра.

Сепак, „Медиасет“ пишува дека Јувентус добил ултиматум од Аргентинецот, кој не сака предолго да чека конкретен потег од „Старата дама“.

Во меѓуреме Јувентус се обидува да се ослободи од Гонзало Игуаин, кој одби трансфер во Рома, па во предност за потписот на Аргентинецот е клубот од Рим.

Како трета опција се споменува Наполи, но во секој случај Икарди најблиску е до Рома, кадешто би добил годишна плата од осум милиони евра.