Мечот меѓу Вест хем и Арсенал ќе биде одложен поради - бомба од втора светска војна

Натпреварот меѓу Вест хем и Арсенал, кој требаше да се одигра на деветти декември би можел да биде одложен затоа што блиску до стадионот била пронајдена бомба од втората светска војна.

Бомбата била пронајдена во текот на копањето на тунелот за изградба на станбена зграда само 150 метри од стадионот на Вест хем.

„Бомбата е во многу незгодна положа и ни треба многу време да ја обезбедиме. Сигурноста ќе мора да биде на највисоко ниво и мора да направиме план според кој ќе го решиме проблемот“, соопштија од полицијата.

Според англиските медиуми, нема опасност да се детонира бомбата сама од себе, па мечот меѓу Вест хем и Тотнем ќе се одигра нормално на овој стадион. Сепак, мечот против Арсенал најверојатно ќе биде одложен, зашто се очекува специјален тим за бомби да се обиде да го отстрани експлозивот.