Мбапе останува во ПСЖ, но нема да потпише нов договор

Килијан Мбапе дефинитивно останува во ПСЖ да ја одработи и последната година од неговиот актуелен договор, објавува „Ле Паризиен“. 

Французинот не сака да си замине летово, туку неговиот план е во 2022 година да потпише со друг клуб како слободен фудбалер. Челниците на францускиот тим ќе почекаат одредено време и ќе се обидат повторно да почнат преговори за продолжување на соработката.

Не е јасно дали ПСЖ ќе успее да го убеди Мбапе на нова соработка со богат договор. Шпекулациите во Шпанија се дека Реал Мадрид подготвува фантастичен договор за фудбалерот следното лето. Наводно, „кралевите“ ќе му понудат плата од 40 милиони евра годишно.