Мбапе ги разочара „кралевите“: Останувам во ПСЖ, а за Реал и Зидан само ќе – навивам!

Суперталентот Килијан Мбапе, најдобриот млад фудбалер на светот во моментов се поврзуваше со трансфер во Реал Мадрид летово и тоа за 280 милиони евра, но од таква бомба очигледно е дека нема да има ништо.

Откако даде хет-трик во славеничкиот меч против Монако за триумф со 3-1, Мбапе се запиша во историјата како најмлад фудбалер во најсилните лиги кој успеал да стигне до 30 голови во сезона. И медиумите ги интересира каде ќе игра во идната сезона, а за Мбапе нема билема – ПСЖ.

„Останувам во ПСЖ. Ќе го продолжам овој проект. Реал Мадрид? Добро е што се врати Зинедин Зидан и јас ќе ги гледам и ќе бидам нивни најголем навивач“, рече Мбапе.

Младиот Французин кој за 185 милиони евра дојде од Монако пред две години има договор на „Паркот на принцовите“ до јуни 2022.

„Јас сум среќен што имам на контото 30 гола, има уште мечеви до крајот на сезоната и се надевам дека ќе го зголемам контото. Но, титулата беше многу важна да се озвои и ние тоа успеавме да го направиме“, додаде Мбапе.