Мбапе ги израдува навивачите: Сигурно останувам во ПСЖ

ПСЖ засилено се подготвува за настап во Лигата на шампионите во август. Парижаните во четвртфиналето во Лисабон ќе играат против Аталанта.

Францускиот шампион вчера одигра пријателски натпревар со Селтик на „Паркот на принцовите“, а Килијан Мбапе имаше убава вест за навивачите на клубот.

„Тука сум, ќе бидам дел од овој проект и четврта година“, рече 21-годишниот Французин, кој постојано е поврзуван со трансфер во Реал Мадрид. „Оваа сезона ќе биде јубилејна 50-та за клубот и таа ќе биде многу важна за нашите навивачи. Ќе бидам тука кога ќе почне. Ќе се обидам да донесам и многу трофеи“, додаде Мбапе.

Доколку не се случеше пандемијата предизивикана од коронавирусот, Реал Мадрид можеби ќе се обидеше да го доведе Мбапе на „Сантијаго Бернабеу“. Во ваква ситуација, финансиите на шпанскиот гигант не се како што беа во минатото поради оваа криза.