Матичарите во Франкфурт откажаа девет свадби поради – финалето во Лига Европа!

Финалето од годинешното издание од Лига Европа помеѓу Ајнтрахт Франкфурт и Глазгов Ренџерс, кое ќе се одигра на 18 мај во Севилја, е причината поради која ќе бидат одложени девет свадби во германскиот град закажани за – следниот ден.

Причина за ова е фактот што матичната служба е лоцирана во зградата пред која за 19 мај е најавена голема прослава, секако ако фудбалерите на Ајнтрахт дојдат до трофејот.

„Со десетина илјади емотивни навивачи непосредно пред салата за свадби нема да можеме на нашите младенци да им понудиме достоинствено опкружување какво што со право очекуваат. Одлуката не беше лесно да се донесе, но свадбената церемонија би требала да биде совршена, бидејќи се памети цел живот“, изјави за заменикот раководител на матичната служба во Франкфурт, Наташа Кек.

Од Ајнтрахт порачаа дека прослава ќе има само доколку триумфираат во Лига Европа и дека нема да ја повторат грешката кога клубот организираше навивачки собир по поразот во финалето од Германскиот куп во 2017 година.