Мартинез добива богатство: Барселона му нуди пет пати поголема плата од Интер

Лаутаро Мартинез конечно би можел да го комплетира трансферот во Барселона. Секој ден има нови вести за неговата иднина, а најновата е во режија на каталонски „Спорт“, кој тврди дека клубот и фудбалерот се договориле околу условите за договорот.

Барселона му понудила петгодишен договор со плата од 12 милиони евра, односно околу пет пати поголема плата од таа што ја има Аргентинецот во Интер.

Сепак, мора прво клубовите да се договорат околу отштетата. Откупната клаузула е 111 милиони евра, но Интер наводно би се согласил на 80 милиони евра плус некој фудбалер за размена.