Марота призна: Јас бев против трансферот на Роналдо во Јувентус
Португалецот дојде во Торино за отштета од 100 милиони евра и имаше годишна плата од 31 милион. Не ги исполни очекувањата бидејќи Јувентус не ја прекина сушата во Лигата на шампионите и не ја освои титулата.
„Морам да кажам дека поминав десет прекрасни години во Јувентус, но кога сопствениците ќе ја сменат стратегијата, време е менаџерот да се тргне. Не се согласував со трансферот на Роналдо, квалитетите на фудбалерот не беа доведени во прашање, но дискутабилни беа финансиските услови“, вели Марота.
Тој во моментов е во Интер каде исто така врши одлична работа и го прави она што најдобро го знае, а тоа се гледа и по резултатите на миланскиот клуб.