Мароко на Мундијалот во Катар ќе го води – Валтер Мацари

Откако босанската легенда Вахид Халилхоџиќ доби отказ од Мароко, сто дена пред стартот на Светското првенство во Катар, нов селектор на оваа африканска земја ќе биде Италијанецот, Валтер Мацари.

Сите најави од Мароко беа дека домашниот стратег Валтер Реграгдија ќе биде нов селектор, ама според последните информации од Италија, веќе сѐ е договорено Мацари да ја преземе репрезентацијата и да ја води во Катар, што на Апенините веста е дочекана како изненадувачка, зашто очекувале овој стратег да работи во Серија А во следниот период.

Последен клуб на Мацари му беше Калјари, кој не успеа да го спаси, а е поранешен тренер на Торино, Интер, Наполи, англиски Вотфорд. Во моментов е во Рабат на завршните преговори пред потпишување на договорот.

Халилхоџиќ беше избркан поради „војната“ со две марокански ѕвезди Хаким Зијеш и Нусар Мазрауи, па за предвремениот раскин на договорот Босанецот ќе добие три милиони евра отштета.