Маркез го заборави пасошот, па си направи проблем на аеродром

Светскиот шампион во Мото ГП категоријата, Марк Маркез пред неколку дена имал неочекувани проблеми.

Шпанецот од Барселона тргнал кон Тајланд, но притоа застанал во Доха, меѓутоа престојот во престолнината на Катар му направил проблеми.

Се обидел да им објасни дека е светски шампион и познат возач, но вработените останале истрајни во својата намера и не го пуштиле Маркез.

Сепак, на крајот некој успеал да ги убеди операторите да го побараат пасошот во авионот со кој Маркез пристигнал во Доха.

Неколку минути подоцна пасошот бил пронајден и Маркез на крајот заминал во Тајланд.