„Марка“ најави пресврт: Меси нема да остане во Барселона!?

Во претходниот период се појавија шпекулации дека аргентинскиот фудбалер Лионел Меси се договорил со раководството на Барселона за да ја продолжи соработката, но очигледно се случил некаков пресврт, а деталите ги пренесе шпанска „Марка“.

„Марка“ објави дека во преговорите меѓу Меси и Барселона се случил голем пресврт и наводно Аргентинецот нема да потпише договор со помала плата за 50 проценти.

Шпанскиот медиум пишува дека двете страни никогаш не биле толку далеку од договор во преговорите и каталонскиот гигант најверојатно ќе остане без Аргентинецот.

Барселона мора да ги намалува платите на фудбалерите за да нема проблеми со финансискиот фер-плеј, но дури и да ја намали платата на Меси за 50 проценти, тоа не би било доволно да ги испочитува финансиските барања.