Манчини ги прероди: Италијанците на праг до рекорд стар 90 години

Италија вечерва целосно ја надигра Швајцарија на „Олимпико“ во Рим и славеше со 3-0, па така обезбеди место во осминафинале на Еуро 2020, а исто така се доближи на само еден меч од израмнување на рекорд од 1930 година.

„Аѕурите“ веќе 965 минути немаат примено гол, а исто така се наоѓаат во серија од 29 натпревари без пораз по ред, па им недостига само уште еден меч без пораз за да го израмнат рекордот стар 90 години.