
Манчестер сити „пукна петарда“, но ќе стравува за Едерсон (ВИДЕО)
Натпреварот не започна добро за „граѓаните“и гостите по само 20-тина минути игра имаа предност од 0-2. Блиску беше Кристал Палас и до трет гол, но вториот погодок на Езе кој претходно го отвори резултатот беше поништен поради офсајд. Тука како и да почна падот на гостинскиот состав.
Де Брујн во 33. минута од слободен удар намали на 1-2, а само три минути подоцна Мармуш се погрижи за израмнување.
Во продолжение следуваше многу подобра игра на „граѓаните“ кои можеа да направат пресврт уште во првото полувреме, сепак на пауза се замина со 2-2.
Во вториот дел стрелаа Ковачиќ, Мекти и О’Рајли, па така домашниот состав славеше победа од 5-2. Незадоволство кај Гвардиола сепак може да има поради повредата на голманот Едерсон во 71 минута кога на негово место влезе Ортета.
Манчестер сити со овој триумф дојде до 55 бода о кои се наоѓа на четвртата позиција, два повеќе од Челси и Њукасл, но „сините“ имаат натпревар помалку, а Њукасл е и со две средби помалку.