Манчестер сити потпиша нов договор со човек кој одигра два меча за пет години!

Англискиот голман Скот Карсон во кариерата бранеше за Лидс, Ливерпул, Шефилд, Чарлтон, а веќе пет години го носи дресот на Манчестер сити.

Интересно е тоа што Карсон досега заигра само на два натпревари за „граѓаните“, а премиерлигашот реши да му го продолжи договорот.

Карсон вчера потпиша нов едногодишен договор со англискиот шампион и ќе остане во Манчестер до јуни 2025 година.