Манчестер сити нуди 50 милиони евра плус фудбалер во замена за Леао

Рафаел Леао е еден од најважните фудбалери на Милан, но португалскиот репрезентативец наскоро би можел да го напушти актуелниот италијански првак.

За неговите услуги беше заинтересиран Челси, кој полека почна да се откажува од битката за неговиот потпис, а сега во пол-позиција е Манчестер сити.

Милан бара околу 100 милиони евра за трансфер на Леао, а „граѓаните“ во моментов нудат 50 милиони евра плус Жоао Кансело во пакет.

Леао оваа сезона постигна девет голови и исто толку асистенции, а минатата сезона го предводеше тимот до Скудетото.