Манчестер јунајтед: Роналдо е недопирлив!

Манчестер јунајтед имаше очајна ланска сезона, а единствената светла точка беше Кристијано Роналдо. 

Ако ветеранот не се вратеше во клубот, тогаш „ѓаволите“ можеби ќе беа и во долниот дел на табелата во Премиерлигата. Изминатите неколку денови се појавија шпекулации дека Португалецот сака да си замине од „Олд Трафорд“.

Наводно, неговиот агент Жорге Мендеш имал состанок со новиот сопственик на Челси, Тод Боели околу можноста за трансфер на Роналдо, а исто така имал разговори и со претставници на Рома.

Од Манчестер јунајтед порачуваат дека Роналдо не е на продажба. Новиот менаџер Ерик тен Хаг го смета за лидер на тимот во новата сезона.