Манчестер јунајтед ќе го урне светскиот рекорд за нов голман!?

Манчестер јунајтед би можел да го продаде Давид де Хеа на лето, откако беа направени неуспешни преговори меѓу двете страни, а како причина се наведуваат ненормалните барања на Шпанецот за нов договор.

Англиските медиуми сметаат дека Јунајтед, како замена за Де Хеа, би го купил фантастичниот Јан Облак од Атлетико Мадрид.

Голманот на шпанската екипа досега одигра 203 натпревари за Атлетико, а дури 115 пати ја зачува мрежата, па тој е еден од најдобрите чувари на мрежата во светот.

Наводно, „ѓаволите“ се подготвени да понудат дури 100 милиони фунти за Облак, со што би бил поставен нов рекорд.