
Малери удрија по Јунајтед - повредени уште двајца фудбалери
Откако беше објавено дека Лени Јоро ќе паузира три месеци, а Расмус Хојлунд шест недели, во дуелот со Бетис се повредија уште Маркус Рашфорд и Антони. Англискиот напаѓач го напушти теренот по 20 минути игра во второто полувреме, а Антони помина кратко време на теренот пред да биде заменет. Двајцата почувствуваа болки во задната ложа и за нив се очекуваат подетални информации во текот на денов.
До моментов, позитивно е тоа што Рашфорд беше во добро расположение по натпреварот, славејќи ја победата со своите соиграчи. Сепак, не е исклучено двајцата да мораат да паузираат и да го пропуштат дуелот против Ливерпул во текот на викендот по што екипата се враќа во Англија.