Македонскиот бисер Елиф Елмас е трансфер-цел број 1 на Наполи!

Наполи се чини дека веќе го договори трансферот на Хамес Родригез од Реал Мадрид, а италијанските медиуми најавуваат дека сега приоритет за Карло Анчелоти е ангажманот на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

Според еден од најдобрите италијански спортски новинари Џанлука де Марцо, Елмас е трансфер-цел број 1 за Наполи и Карло Анчелоти. Италијанскиот вицепрвак е подготвен да му плати на Фенербахче од 18 до 20 милиони евра обештетување за еден од најголемите европски таленти, додава „Скај Италија“.

Елмас е цел на многу европски тимови како Борусија Дормтмунд, Интер, Севилја, Фиорентина и Атлетико Мадрид, но Наполи е најзагреан за нашиот талент, кој во септември ќе наполни 20 години. Секако во трансферот на Елмас во Наполи може да помогне и Горан Пандев, како поранешен играч на овој тим.