Македонски 16-годишен талент по стапките на Пандев - потпиша за Џенова!

Македонскиот фудбалски талент, 16-годишниот Тома Георгиевски тргна по стапките на Горан Пандев и потпиша за Џеноа. 

Момчето е офанзивен играч за врска и веќе подолго време било следено од големи европски клубови, меѓу кои и Милан. Доаѓа од ФК Њу Старс од Скопје, а интересот од бројни скаути му го донел и прекарот „новиот Милинковиќ-Савиќ“, поради стилот на игра и физономијата (182 сантиметри).

Интересно е тоа што Георгиевски имал и француски пасош, според известувањата од Италија, но тој веќе има играно за младинските репрезентации на Македонија до 15, 16 и до 17 години. Италијанците го претставија како вториот Македонец во Џеноа, по Горан Пандев, кој таму мина седум сезони.