„Македонската пресметка“ без Несторовски и Елмас – Наполи никако да победи!

Ако се водиме според денешните пишувања на италијанските медиуми, предводникот на Наполи, Карло Анчелоти, ја заврши тренерската авантура во клубот.

Имено, Италијанците тврдат на дека мечот против Удинезе, кој заврши 1-1, италијанскиот стручњак морал да го доби дколку сака да ја задржи позицијата во клубот. Во наредните неколку часа ќе биде потврдено дали овие шпекулации ќе се потврдат како точни.

Инаку, ова е седми натпревар како што Наполи нема забележано победа, па се очекува македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас, кој денеска не настапи, да остане без тренер.

На спротивната страна, во редовите на Удинезе, шанса за настап не доби ниту Илија Несторовски.