Маестрален гол на Ескудеро, Севилја со пресврт ја совлада Селта (ВИДЕО)

Севилја освои нови три бодови во шпанската Ла Лига, откако денеска беше подобра од Селта виго со 4-2.

Кунде во петтата минута донесе водство за Севилја, но Селта направи целосен пресврт преку Аспас и Нолито. Меѓутоа, домаќинот се извлече во судиското надополнување на првото полувреме преку Ен Незири (2-2).

Во самиот финиш на натпреварот Ескудеро постигна маестрален погодок за 3-2, по што Ел Хадади стрелаше за конечни 4-2.

Севилја има 13 бодови и се наоѓа на седмата позиција во Ла Лига, додека Селта е на претпоследното место.