Лукаку и Хакими ја срушија Болоња во Милано (ВИДЕО)

Интер славеше со 3-1 против Болоња во рамки на 10.коло во Серија А. 

Ромелу Лукаку беше стрелец на првиот гол за „нераѕурите“ во 16-тата минута. Ашраф Хакими пред крајот на првиот дел зголеми на 2-0. Гостите за момент се врати во игра со голот на Емилијано Вињато во 67-та минута. Сепак, точка на победата за Интер стави Хакими со својот втор гол само три минути подоцна.