
Лукаку и Челси ја договорија цената по која може да биде продаден наредното лето!
Во последните денови од преодниот рок Лукаку потпиша за Рома, на сето тоа претходеше голема драма кога Интер и Јувентус се обидуваат да го добијат неговиот потпис.
Рома ја искористи целата ситуација, го потпиша, а тој игра во голема форма постигнувајќи девет голови на 14 меча во Серија А и Лига Европа.
„Калчомеркато“ пишува дека Челси и Лукаку се договориле неговата откупна цена да биде 38 милиони евра.
Сума која за некои клубови е мала, но за италијанските е голема, особено за Рома која во последните години не троши многу пари за ново засилување.
Веројатно Рома ќе треба да се пласира во Лигата на шампионите за да си дозволи откуп на Лукаку, тоа е цел која нема да биде лесна за нив.