Лука Модриќ го напушта Реал, веќе им кажал на соиграчите за кој клуб ќе потпише!

Се почесто се слушаат гласини дека 34-годишниот фудбалер од средниот ред, Лука Модриќ, е пред напуштање на Реал Мадрид.

Овој пат познатиот портал „Дон Балон“, кој е познат по сензационалните трансфери, открива дека Лука Модриќ ги известил дел од соиграчите на Реал Мадрид, пред се оние со кои е близок, дека сериозно размислува да го напушти „кралскиот“ клуб, и тоа во зимскиот трансфер рок.

Познато е дека Звонимир Бобан, кој неодамна ја презеде виталната улога во клубот кога станува збор за засилувањата, сака да го донесе Модриќ во Милан, кој некогаш доби статус на свој наследник во Динамо и хрватската репрезентација.

Но, според некои извори, Модриќ, наводно, му се доверил на Марсело, Серхио Рамос и Герет Бејл дека најверојатно ќе замине во Интер во јануари. Доколку се реализира ова, италијанскиот гигант за неговите услуги ќе мора да искешира најмалку 20 милиони евра.