
Луис Дијаз се моли да не се врати во Ливерпул по скандалот со погребот на Жота!
Навивачите и сите во Ливерпул се гневни на Луис Дијаз кој за време на погребот на Жота се забавуваше во дискотека во Колумбија.
Кога беше киднапиран таткото на Дијаз, Жота беше еден од првите кои покажаа загрижаност за ситуацијата. Тогаш сите се молеа за неговиот родител, па ваквото негово однесување за време на погребот на соиграчот предизвика гадење кај сите блиску до клубот.
Сега Дијаз е на излезна врата, сака да замине од Ливерпул. Баерн Минхен е една од опциите, но тие му рекле дека максимум можат да платат 60 милиони евра, а црвените бараат повеќе.
И Барселона е заинтересирана за Дијаз, но тешко е и тие да ја платат бараната сума.
Дијаз се моли да не се врати во Ливерпул и летово да најде друг клуб, но засега останува член на англискиот шампион.