Луд натпревар на Крејвен Котиџ: Сити водеше 5-1, па трепереше за победата (ВИДЕО)
Тоа е 19. триумф во низа на Сити против денешниот ривал, но малку недостасуваше оваа серија да биде завршена на спектакуларен начин. Безмалку еден час Сити го мелеше својот ривал, водеше со 5-1 и изгледаше дека може да ја наполни до врв мрежата на домашниот тим. Погоди Халанд, па Рејндерс и Фоден, Смит Роу намали, но Фоден со својот втор погодок и Берге со автогол се погрижија за максимално водство на Сити.
И потоа почна неверојатниот пресврт на Фулам. Ивоби намали во 57. минута по што Чуквуезе два пати го совлада Донарума и на 12 минути пред крајот на основните 90, на семафорот стоеше 4-5. Сепак, Фулам не успеа да постигне барем уште еден гол и да освои бод, иако имаше огромна шанса во судиското продолжение, но и со ова се избори да биде главна тема во европскиот фудбал денеска.
Ова е деветта победа на Сити сезонава и со неа стигна до 28 бода. Фулам остана на 15. позиција со 17, биланс кој не е соодветна слика на квалитетот на овој тим.