Лондон „гори“, Конте подобро да не се враќа: Вотфорд го нокаутираше Челси! (ВИДЕО)

Во последниот натпревар од 26. коло во англиската Премиерлига, тимот на Вотфрод на домашен терен го декласираше Челси со 4-1, а поради овој пораз Конте најверојатно ќе добие – отказ.

Актуелниот англиски првак остана со играч помалку во 30. минута од мечот, кога Бакајоко направи два жолти картони во рок од само 5 минути и мораше да го напушти теренот и да ги остави своите соиграчи на цедило.

Првиот гол домаќините го постигнаа во 42. минута со голот на Дини од пенал и тука беше „почеток на крајот“ за гостите од Лондон.

Во вторите 45 минути гостинската екипа се мачеше од минута во минута, а мала надеж добија гостите во 82. минута кога Азар погоди за израмнување на 1-1. И сите можеби помислија дека актуелниот шампион ќе го покаже своето вистинско лице, но се случи токму спротивното.

Во период од само седум минути се случи целосен распад на лондонскиот гигант. За Вотфорд најпрво стрелаше Јанмат, а потоа Деулофеу и Переира, кои ги поставија конечните 4-1.

Ова е доказ дека нешто „смрди“ во Челси и дека мора нешто итно да се менува, а по се изгледа дека тоа ќе биде Конте, кој нема да биде пречекан најдобро во Лондон, бидејќи „сините“ во минатото коло беа посрамотени од Бурнмут и тоа на домашен терен со поразот од 0-3.

Одлуката останува на Абрамович, а следните неколку часови ќе се расправа на „големо“ за иднината на италијанскиот стратег.