Ливерпул во преговори со една од ѕвездите на Барселона

Поранешниот англиски шампион Ливерпул почнал преговори со Френки Де Јонг од Барселона, а наскоро се очекува да биде постигнат договор меѓу двете страни.

Веста за преговорите ја потврди и спортскиот директор на Барселона, Деко, иако претходно имаше многу шпекулации за иднината на Холанѓанецот.

Каталонскиот тим ќе бара околу 40 милиони евра за трансферот на Де Јонг, а засега не се откриваат други информации во јавност.