Ливерпул славеше кај Лестер: Варди не реализираше пенал за реми (ВИДЕО)

Ливерпул му се одмазди на Лестер за елиминацијата во Лига купот од пред неколку дена со триумф на „Кинг пауер“ стадионот во Премиерлигата. 

„Црвените“ дојдоа до триумф од 2-3 и стигна до првата победа по пост од два натпревари. Џејми Варди е трагичарот на Лестер, бидејќи утна пенал за израмнување, односно Симон Мињоле му го одбрани ударот од белата точка. За голманот на Ливерпул ова беше седми одбранет пенал откако е дојден во Премиерлигата и моментално има највеќе од сите останати голмани во англиската елитна лига. За одбележување од овој натпревар е и прекрасниот гол на Филипе Кутињо од слободен удар.