Ливерпул скапо ја плати победата над Астон Вила со која се зацврсти на врвот!
Десниот бек се повреди во првото полувреме и мораше да биде заменет, а првичните прогнози не се охрабрувачки за Арне Слот и неговиот тим. Александер-Арнолд ќе го пропушти настапот за Англија во Лигата на Нации, а можно е отсуство од најмалку 20 дена, што значи дека ќе ги пропушти дербито со Манчестер Сити и важниот дуел со Реал Мадрид во Лигата на шампионите по репрезентативната пауза.
Голманот Алисон Бекер и Португалецот Жота, исто така, најверојатно ќе отсуствуваат од овие два натпревари. Португалецот, според тренерот Слот, се очекува да се врати во тимот околу две недели по паузата за репрезентациите.