Ливерпул сериозно загриза за Нејмар, сака да им покаже на Барса и Реал кој е шампион!

Бразилецот Нејмар веќе некое време е поврзуван со заминување од редовите на ПСЖ, а сега и Ливерпул сега се вклучи во трката за овој трансфер, пренесува ЕСПН.

Нејмар е несреќен во ПСЖ, тоа на сите им е јасно, иако Бразилецот никогаш не сакаше, ниту смееше јавно да го признае тоа. Барселона и Реал Мадрид веќе подолго време се во потрага по негов трансфер, со тоа што Ливерпул овој пат сака да им ги помати сметките.

Доаѓањето на Бразилецот на „Енфилд“ претставува потег со кој Ливерпул ќе им каже на Барселона, Реал Мадрид и другите клубови кои редовно играат финале во Лигата на шампионите - „ние сме тука и остануваме“, наведува ЕСПН.

Ливерпул очигледно е подготвен за еден толку голем трансфер, што ќе го чини клубот најмалку  200 милиони евра. Ова секако ќе биде апсолутен рекорд кога станува збор за клубот од „Енфилд“, но останува прашањето дали ќе успее да се реализира сето ова.

Инаку, „црвените“ вчера го потврдија продолжувањето на соработката со Јирген Клоп до 2024 година, само потврдувајќи дека се сериозни во намерата да останат на тронот на европскиот фудбал.